Бугарскиот боксер, Кубрат Пулев е казнет со 2.500 долари и ќе мора да заврши курс за спречување на сексуално вознемирување ако сака да му биде укината суспензијата која ја доби откако бакна во уста новинарка на сред интервју без нејзино одобрување.
Државната спортска комисија на Калифорнија го суспендираше 37-годишниот боксер во тешка категорија на крајот на март веднаш по победата против Романецот, Богдан Дину. Тогаш Пулев ја грабна за лице новинарката на Вегас Спортс Дејли, Џенифер Равало и страсно ја бакна пред камера.
Пулев и се извини на новинарката во текот на вчерашното сослушување на кое беше одлучено да му се дозволи повторно да аплицира за боксерска дозвола, само ако до 22 јули ги исполни зададените услови.
Ако повтори сличен инцидент, Пулев најверојатно доживотно ќе биде суспендиран.
По настанот, новинарката рекла дека била шокирана и понижена.