Навивачите на Баерн Минхен не се задоволни од изданието на својот клуб во актуелната сезона иако Баварците се на дофат на шампионската титула. Фановите „силно ја тресат“ позицијата на Хрватот Нико Ковач на кормилото на клубот.
Подолг период медиумите во Германија пишуваат за потенцијалните наследници на Ковач на клупата на Баерн, а реномираниот „Билд“ пишува дека од идната сезона тренер ќе биде екс-фудбалерот на клубот од Минхен, Холанѓанецот Марк ван Бомел.
Ван Бомел сезонава ја помина како тренер на холандски ПСВ Ајндховен, но таму не успеа да ја одбрани титулата освоена лани, Ајакс е нов шампион на Холандија.
Во Минхен се надеваат дека може да донесе победнички менталитет како оној од времето кога ги бранеше боите на минхенскиот фудбалски гигант.
Холанѓанецот во Баерн настапуваше 5 сезоно и за тој период освои две титули во Бундеслигата и два национални Купа.
Баерн во сабота, во последното коло од Бундеслигата го дочекува тимот на Ајнтрахт Франкфурт и со победа ќе биде нов шампион на Германија.