Top Sport

Велкоски и Сараево го освоија купот на БиХ, Седлоски и Широки со пирова победа (видео)

Сараево загуби со 1:0 од Широки Бријег во вториот меч од финалето на купот на Босна и Херцеговина, но капитенот Крсте Велкоски го крена трофејот откако во првиот меч победија со 3:0.

„Бордо“ тимот преживеа опсада на голот на „Пецара“, откако домашниот тим, каде што прв човек е поранешниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски, дојде во водство преку Багариќ уште во 19. минута од мечот. Сараево последните 20 минути од мечот ги играше со 10 фудбалери по црвениот картон на Курдиќ. Сараево има шанса за двојна титула бидејќи е лидер и во Премиер лигата на БиХ.

Scroll to Top