Top Sport

Роуз: Ми бараа потврда дека не сум луд

Фудбалерот на Тотенхем, Дени Роуз, признал дека имал проблем со депресијата и дека клубот што сакал да го ангажира минатото место му барал потврда со која ќе докажел дека „не е луд“.

Левиот бек, минатото лето се борел со депресијата поради повредата и смртта на близок член на семејството. Рекол дека ми било тешко да се избори со целата ситуација, а бидејќи луѓето од клубот што сакале да го ангажираат знаеле каква е неговата состојба, побарале од него потврда од доктор дека е психички нормален.

Таквото барање го налутило поради што ги прекинал преговорите и трансферот пропаднал. Сепак тој минатото лето успеа да го продолжи договорот со Тотенхем до 2021 година.

„Кога го побараа тоа од неме се чувствував многу непријатно. Знаев низ што сум минал, но не налути тоа што некој мисли дека тоа ќе влијае на мојата работа. Секогаш работам најдобро што можам. На крајот воопшто не испратија понуда“, рекол англискиот репрезентативец не сакајќи да го открие името на клубот.

Инаку, Дени Роуз со Тотенхем ќе игра во финалето во Лигата на шампионите против Ливерпул на 1 јуни.

Scroll to Top