Легендарниот шпански голман Икер Касилјас ги отфрли шпекулациите дека се повлекува од фудбалот по срцевиот напад кој го доби на тренинг со неговиот клуб Порто на 1 мај.
37-годишниот Касилјас беше однесен во болница по срцевиот напад на рутинската тренинг сесија, а по пет дена излезе од болница и изјави дека „не знае што носи иднината“. Многумина очекуваа дека ова значи повлекување од спортот, зголемувајќи ги шпекулациите, но преку Твитер Касилјас изјави дека тој ќе реши кога ќе заврши со кариерата.
„Пензија? Ќе дојде време кога ќе морам да се повлечам. Оставете ме мене да ги објавам вестите кога ќе дојде моментов, но засега, опуштете се. Имав состанок со докторот Фелипе Маседо вчера и сè е во ред. Тоа се убавите вести кои сакав да ги споделам“, напиша Касилјас.
Поранешниот шпански репрезентативец ја освои светската титула со „фуријата“ во 2010 и Европските првенства во 2008 и 2012, а ги предводеше Реал Мадрид до три титули од Лигата на шампионите, освојувајќи и пет национални титули.
Buenas a tod@s:
Retirarme, habrá un día que me tenga que retirar. Déjenme anunciar dicha noticia cuando llegue ese momento. Por ahora tranquilidad. Ayer tuve revisión con el Dr.Filipe Macedo. Todo muy bien. Eso sí que es una gran noticia que quería compartir con todos! ???— Iker Casillas (@IkerCasillas) May 17, 2019