Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра против Рафаел Надал во финалето на Мастерс турнирот во Рим.
Предмалку Србинот по дваиполчасовна борба го совлада аргентинскиот „преизвикувач“ Диего Шварцман со 2-1 во сетови 6-3 6-7 6-3.
Во првиот сет егал на семафорот беше до резултат 3-3. Тогаш Ѓоковиќ најпрво на свој сервис поведе со 4-3, а веднаш потоа направи брејк кој беше доволен за да го освои првиот сет со 6-3.
Во вториот сет беше изедначено до резултат, а притоа двајцата тенисери имаа по два брејка. Во тајбрејкот Аргентинецот беше поконецентраиран и доминантно се избори за трет решавачки сет.
Тука Ѓоковиќ ја заигра препознатливата игра, и при водство од 3-2 успеа да освои гем на сервисот на противникот што потоа рутинирано го доведе до конечни 6-3 за нова победа.
Утре е финалниот дуел Ѓоковиќ – Надал за сите љубители на белиот спорт.