Top Sport

Емполи ја „турна“ Џенова во зона за испаѓање (видео)

Емполи со 4:1 го „здроби“ Торино за да излезе од зоната за испаѓање во Серија А на едно коло пред крајот и во исто време да го постави тимот на македонскиот капитен Горан Пандев, Џенова во опасната зона.

Сега, на едно коло пред крајот, Емполи се на 17. место со 38 поени, а Џенова со поен помалку е на 18. место, а двата клуба имаат тешки гостувања во последното коло – Емполи гостува кај Интер, додека Џенова игра на гости кај Фиорентина.

Во вториот дуел од Серија А, во борбата за средината, Парма со 1:0 ја совлада Фиорентина за да излезе пред нив на табелата во меч без големо значење.

Scroll to Top