Top Sport

Дибиров: Мислиме на Келн, не знаеме ништо за иднината (видео)

Тимур Дибиров е најдобриот стрелец во Лигата на шампионите во историјата на Вардар, и секако еден од милениците на публиката во Скопје, но и тој признава дека уште не знае што ги чека „црвените“ по заминувањето на сопственикот Сергеј Самсоненко во интервју за „Репортер“.

35-годишното крило вели дека имало состанок помеѓу Самсоненко и претходниот прв човек на Вардар, Михајло Михајловски и дека им е речено да се „стрпат“ со реакцијата, но дека главен фокус е настапот на фајнал фор турнирот во Келн, каде што Вардар игра третпат едноподруго.

Дибиров исто така потврди дека ракометарите на Вардар немаат земено плата речиси цела година, но дека не се оставени на цедило.

Повеќе погледнете во видеото.

Scroll to Top