Top Sport

Падерборн се врати во Бундеслигата, Унион Берлин на бараж со Штутгарт (видео)

Падерборн и покрај поразот од Динамо Дрезден во последното коло од втората германска лига, по четири години се враќа во германската Бундеслига, заедно со Келн.

За второто место во втората Бундеслига имаше голем дуел на Падерборн и Унион Берлин, и во последното коло Падерборн загуби со 3:1 од Динамо Дрезден, но во исто време Унион Берлин на гости  одигра 2:2 против Бохум за да им остане баражот со Штутгарт.

Од втората лига испаѓаат Дуизбург и Магдебург, бараж ќе игра Инголштад, додека Хамбург, тимот кој лани првпат во историјата испадна од Бундеслигата, на крајот заврши на петтото место и ќе помине уште една сезона во второлигашка конкуренција.

Scroll to Top