Top Sport

Ниту Меси не беше доволен – Силесен му подари 2:2 реми на Еибар (видео)

Во последниот меч од сезоната во шпанската Ла лига, Еибар успеа да „извлече“ 2:2 реми против шампионот Барселона, најмногу поради грешките на голманот Јеспер Силесен, но резултатот немаше никакво значење за двата клуба.

Лионел Меси постигна два гола во една минута за да стигне до 50-тиот гол во 2018/19, но тоа не беше доволно да се стигне до победа, откако Пабло де Бласис постигна фантастичен гол откако прво Силесен направи голема грешка. Ова, инаку, е првпат Барселона да прими гол на гостувањето кај Еибар во Ла лига, откако од сите досегашни натпревари си заминале без примен гол.

Барселона, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Валенсија ќе играат во Лигата на шампионите, Хетафе, Севилја и Еспањол во Лига Европа, додека во Сегунда се селат Џирона, Уеска и Рајо Валјекано.

Scroll to Top