Откако кон крајот на октомври го скина медијалниот лигамент на тренингот во Рамсау, австрискиот ски скокач Грегор Шлиренцауер се врати во тимот. Тој го одбработил тренеингот во Бергисел.
„Не очекував дека толку брза рехабилитиација. Чувството кое го имав на скокалницата е одлично, не чувствувам никави болки во коленото“, рекол 27-годишниот Шлиренцауер.
Двократниот победник во Светскиот куп на натпреварите ќе им се врати во Титсе-Нојштат, кои се планирани во периодот од 8 до 12.декември.
Планот на Шлиренцауер е да влезе во оптимална форма до новогодишната турнеја „Четири скокалници“.