На „Мерцедес бенц арената“ Штутгарт не успеа да направи предност во првиот меч од баражот за Бундеслигата против второлигашот Унион Берлин, откако возбудливиот меч заврши со 2:2.
Штутгарт беше 16-ти во Бундеслигата, додека Унион Берлин беше трет во втората Бундеслига, и победникот ќе обезбеди пласман во елитата.
По интересниот старт, Гентнер им донесе 1:0 водство на домаќините во 42. минута, за веќе во следната минута Абдулахи да израмни на 1:1. Штутгарт повторно поведе во 51. минута, за клубот од источна Германија да израмни во 68. минута преку Фридрих.
Вториот меч во Берлин се игра во понеделник од 20.30 часот.