Русинот Илнур Закарин (Катјуша-Алпесин) е победник на првиот планински предизвик на Џиро Д’Италија, стигнувајќи до соло победа на 13. етапа на снежниот Кол де Ниволе, додека Словенецот Јан Поланц се избори да ја заддржи розевата маичка, а Британецот Сајмон Јејтс доживеа нова „катастрофа“.
Јејтс (Мичелтон-Скот), кој влезе на трката фалејќи се дека неговите ривали треба да се „посерат од страв“ од него, на првиот планински тест потфрли и загуби повеќе од две минути од неговите први ривали за победа во генерален пласман, Примож Роглич и Винченцо Нибали.
Етапата која завршуваше на искачувањето познато преку холивудскиот филм „Италијанска работа“ (The Italian Job), му припадна на фантастичниот Закарин, кој го помина Микел Ниеве на еден километар пред крајот за прва голема победа од 2016 година, со која скокна на третото место во генерален пласман со 2:56 зад Поланц (УАЕ Тим Емирати), кој е 2:25 пред Роглич.
What a huge performance in the mountains!
Ilnur Zakarin takes Stage 13 of the #Giro! pic.twitter.com/JA30t1XIv9
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) May 24, 2019