Top Sport

Вака изгледаат нозете по планинска етапа на Џирото

Шпанскиот велосипедист Хозе Хоакин Рохас повторно покажа што значи една планинска етапа на Џиро Д’Италија за нозете. На Инстаграм, 33-годишниот Шпанец ги покажа ефектите по 12 етапи на трката околу Италија, покажувајќи ги мускулите и вените на неговите нозе.

„13 етапа на Џиро Д’Италија, подготвени за војна, нели?“, напиша Рохас.

 

View this post on Instagram

 

Etapa 13 del giro de Italia . Preparados para la guerra , no?? ??????

A post shared by Jose Joaquin Rojas (@josejoaquinrojas) on

Колку и страшно да изгледа, големите вени и мускули како на Рохас не се ништо чудно за врвните велосипедисти. Лекарите објаснуваат дека тренингот на најдобрите им дава „дополнителен доток на крв во мускулите и извлекување на крвта која е без кислород преку вените назад до срцето и белите дробови“.

Ова не е првпат велосипедист да шокира со своите вени и мускули, тоа пред некоја година го направи и британскиот ас Крис Фрум покажувајќи ги своите нозе по една етапа на Тур де Франс.

Scroll to Top