Давид Гофан немаше многу време за одмор по поразот во финалето на АТП финалето во Лондон, но тоа не го вознемири и тој го „уништи“ Лукас Пуј со 7:5/6:3/6:1 во првиот меч од Дејвис куп финалето за на Белгија да ѝ донесе 1:0 водство против Франција во Лил.
Светскиот рекет број 7 ја заврши работата за час и 59 минути, замолчувајќи ја фудбалски настроената публика во северна Франција. Гофан ја контролираше играта од почетокот од крајот, постигнувајќи 11 аса, и во ниту еден момент не се соочи со брејк-поен.
Ова беше фантастична 20. победа во сингл во Дејвис купот за Гофан во само 23 меча. Сега, на ред е Жо-Вилфрид Цонга, кој ќе се обиде да го победи Стив Дарси во вториот сингл меч на стадионот „Пјер Моро“ во Лил.
The @StadePM is rocking! ?? @la_pouille & ?? @David__Goffin still locked in the opener! pic.twitter.com/KCNOSkgipO
— Davis Cup (@DavisCup) November 24, 2017
?? @David__Goffin defeats Lucas Pouille ?? 75 63 61 to put Belgium 1-0 up in the #DavisCupFinal pic.twitter.com/m4iFNsjIDB
— Davis Cup (@DavisCup) November 24, 2017