Top Sport

Дел Пјеро: „Калчополи“ беше атомска бомба за италијанскиот фудбал

Алесандро дел Пјеро вели дека скандалот „Калчополи“ беше атомска бомба за италијанскиот фудбал и дека ефектите уште се чувствуваат.

Скандалот од 2006 година изби кога италијанската полиција прифати повеќе телефонски разговори кои покажаа мрежа на односи меѓу менаџерите на клубовите и судиската организација, со што се местеле натпревари. Во скандалот беа вклучени тогашните шампиони Јувентус, Милан, Фиорентина, Лацио и Реџина, но најстрога казна доби Јувентус, кој беше исфрлен во Серија Б.

Дел Пјеро вели дека поради тој скандал италијанскиот фудбал „колабираше“, додека другите нации напредуваа.

„Тоа беше како атомска бомба. Нашиот фудбал се распадна. Не зборувам само а Јуве. По тој скандал, големите шампиони отидоа да играат надвор од Италија и другите земји само пораснаа. Премиер лигата ‘експлодираше’ поради одличните менаџери и одличните ТВ права. Реал Мадрид и Барселона со своите корпоративни политики станаа гиганти, Германија го комплетираше патот почнат со Светското првенство во 2006, додека Франција доби големи странски инвеститори кои ги сменија тимовите како ПСЖ и Монако. Италија од друга страна, ‘колабираше’ и ни беа потребни десет години да се соземеме. Сега Јуве полека се враќа, а и Наполи се на важен пат“, вели Дел Пјеро во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Дел Пјеро имаше што да каже и за солзите на својот поранешен колега Џанлуиџи Буфон по неуспехот Италија да се пласира на Светското првенство во 2018 година.

„Бев толку тажен. Џиџи уште еднаш ја покажа својата големина. Едно од моите најголеми сеќавања во животот беше Светското првенство во 1982 година кога имав само осум години. Уште не се созедовме по елиминацијата, но тоа е позицијата во која е нашиот фудбал“, додава Дел Пјеро.

Буфон во солзи, италијанскиот печат прогласи апокалипса!

Scroll to Top