Мечот на У-19 тимовите на лутите холандски ривал Ајакс и Феенорд беше прекинат, откако хулиганите на Ајакс влегоа во физички напад на родителите и пријателите на младите фудбалери на тимот од Ротердам.
По хаосот на трибините, ситуацијата се обидуваа да ја смират тренерите на тимовите, Џон Хеитинга и Дирк Кујт, а се појави и директорот на Ајакс, Едвин ван дер Сар. Од Феенорд го обвинија Ајакс и лошата организација, бидејќи тие и претходно го известиле клубот од Амстердам дека на мечот ќе дојдат само родителите на фудбалерите.
Инаку, мечот беше важен за титулата – на Феенорд му требаше поен, додека Ајакс мораше да победи.