Шкотскиот гигант Селтик трета година во низа ја освојува тројната титула во Шкотска (Премиер лига, куп и лига-куп), откако Французинот Одсон Едуар ги предводеше до 2:1 победа над Хартс откако до 62. минута, клубот од Единбург водеше со 1:0.
Хартс дојдоа до водство во 53. минута преку Рајан Едвардс, но Едуар прво со гол од пенал во 62. минута израмни на 1:1, пред Французинот во 82. минута да ја донесе победата за тимот на Нил Ленон.
Со ова уште еднаш се покажа апсолутната доминација на „зелените“ во шкотскиот фудбал во последната деценија, а Селтик ја скрши традицијата – беа поразени во претходните три куп-финалиња од Хартс, иако последниот од овие порази беше во 1956 година. Хартс беа еден од само четирите клубови од Шкотска кои успеале да го победат Селтик во шкотските натпреварувања од август 2018.