Канада ќе игра за својата 27. светска титула во хокеј на мраз, со што би се израмниле со тимот на Русија (и поранешниот Советски Сојуз), откако со 5:1 ја победија Чешката Република во второто полуфинале во Словачка.
Нивни противници во утрешното финале во Братислава ќе бидат аутсајдерите Финска, кои откако ја победија Русија со 1:0 во другото полуфинале ќе играат за само трета титула во историјата.
Канаѓаните стигнаа до полуфиналето со драматична победа на Швајцарија, каде што постигнаа гол на 0.4 секунди пред крајот на регуларниот дел за потоа да триумфираат во продолженија, но против Чесите не дозволија изненадување, откако Марк Стоун со својот 13. поен на шампионатот ги донесе во водство во првата третина.
Нурс и Дубоа во втората третина го зголемија водството на 3:0, пред Турис и Шабо да ја комплетираат доминацијата за 5:0 водство, пред Чесите да постигнат утешен гол преку Зохорна.
Highlights: @MStoner61 scored his tournament leading eighth goal, Matt Murray made 40 saves and @HockeyCanada is on to the gold medal game at #IIHFWorlds
More game highlights >https://t.co/LZ0SQWQwmc@GoldenKnights @penguins pic.twitter.com/fBJH37pJVd
— IIHF (@IIHFHockey) May 25, 2019