Тоа што на почетокот изгледаше како симпатична прослава со новинарите на „Евроспорт“, одеднаш стана проблем на европската спортска телевизија.
Кога Шведска успеа да ја елиминира Италија во баражот за СП во Русија, фудбалерите на „трите круни“ решија да прослават со буквално „влетување“ на сцената на „Евроспорт“ покрај аут-линијата.
Истото се случи и кога Данска ја „торпедираше“ Република Ирска во Даблин со 5:1 победа, и Данците дури отвараа шампањска со новинарите.
Сега, откако Остерсундс ја комплетираше неверојатната приказна и се пласираше во нокаут фазата на Лигата на Европа, играчите на шведскиот тим го повторија тоа.
„Евроспорт“ засега не најде ефикасно решение за „викинзите“.
Eurosport pundits beware…
Celebrations are coming ?? pic.twitter.com/9oKtCNj2HZ
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) November 24, 2017
Така се гради тим – Остерсундс од четврта лига до нокаут фаза во ЛЕ