Доминик Тим, еден од фаворитите на Ролан Гарос избори пласман во втората рунда. Изненадувањето на денот кај мажите го направи Јан Ленард Штруф кој го елиминира Денис Шаповалов.
Австриецот Тим, кој на Ролан Гарос е четврти носител, загуби еден сет, но успеа да го победи малку познатиот Томи Пол 6:4, 4:6, 7:6, 6:2.
Тим во второто коло за противник ќе го има Александер Бублик.
Изненадување претставува елиминацијата на младиот Канаѓанец Шаповалов. Германецот Штруф го победи во три сета 7:6, 6:3, 6:4.
Во финишот на вториот ден првото коло на Ролан Гарос го минаа Беноа Пер, Раду Албот и Папбло Куевас, додека мечот помеѓу Кајл Едмунд и Жереми Шарди е прекинат при резултат 5:5.