Top Sport

Фуксе Берлин го потврдија трансферот на Милосављев

Дејан Милосављев, голманот на Вардар, по завршувањето на завршниот турнир во Келн, ќе го напушти клубот. Кариерата 22 годишниот голман ќе ја продолжи во Бундес лигата, во екипата на Фуксе Берлин, каде игра екс играчот на Вардар и соиграчот на Милосављев од српската репрезентација, Мијајло Марсениќ.

Милосављев на почетокот на сезоната дојде во Вардар од белградски Партизан и се покажа како вистинска замена за легендарниот Арпад Штербик. Тој беше еден од клучните играчи на Вардар оваа сезона, поради што специјализираниот ракометен портал „хендбол планет“, неговиот трансфер го прогласи за најдобар во сезоната.

Фуксе Берлин ја објавија веста преку официјалните профили на клубот и воедно информираа дека Милосављев потпишал договор до 2023 година.

„Анонимусот“ Милосављев најдобар трансфер на сезоната

Scroll to Top