Хеунг Мин Сон го живее својот сон додека го чека финалето на Лигата на шампиони во недела, на неговиот Тотенхем против Ливерпул.
Јужнокорејскиот напаѓач е причината милиони негови сонародници да станат сред ноќ за да го гледаат мечот кој за Тотенхем значи историја, пишува „Гардијан“.
Кога Сон го видел својот херој, Ји-Сунг Парк како станува првиот азијски фудбалер што заиграл во финале на Лига на шампиони во дресот на Манчестер Јунајтед против Барселона во 2009 година неговото срце затреперило. Јунајтед со 2-0 го загуби тој меч.
„Во Јужна Кореја тоа беше голема работа, затоа што Парк беше првиот Азиец кој заигра финале.Го гледав мечот како навивач и сонував еден ден да освојам нешто или да бидам прогласен за најдобар играч“ – вели Сон.
Во 2009 фокусот на Азија беше на Парк, сега е на Сон. Финалето во ЛШ почнува во 4 часот наутро по корејско време.
„Мечот во Јужна Кореја ќе почне рано наутро па навистина сум благодарен за поддршката и пораките што ги примам. Не е лесно да се станува толку рано, и јас станував како дете. Затоа секогаш ги почитувам тие луѓе и давам 100% од себе. Временската разлика е голема, но луѓето ги гледаат натпреварите. Морам некако да им се оддолжам“ – вели 26-годишниот напаѓач на Тотенхем.
Тој потенцира дека сака да игра во Европа и да остави добар впешаток со што ќе ја отвори вратата за другите фудбалери од Азија.
?? Pero qué mensajito lució hoy Heung-Min-Son de los @SpursOfficial durante el entrenamiento. ⚽?
?”My birds better than your birds” – “Mis pájaros son mejores que los tuyos”.?
En alusión a los escudos de ambos clubes. ?? pic.twitter.com/6UgCx4MOOb
— Carlos Alberto Navarro (@tutigrilloperu) May 30, 2019