Top Sport

Федерер највозрасен осмина-финалист на Ролан Гарос уште од 1972

Рекордерот меѓу тенисерите по бројот на освоено Грен слем титули, Роџер Федерер (37), го мина третото коло на Ролан Гарос. Швајцарецот во три сета го победи Норвежанецот Каспер Руд и стана највозрасниот учесник во осмина-финалето на овој турнир уште од 1972 година.

Дуелот против Руд беше 400 што Федерер го одиграл на Грен слем турнирите, на кој стигна до својата 355 победа. За место во четврт-финалето Федерер ќе игра против Германецот Леонардо Мајер.

Федерер до осмина-финалето стигна без загубен сет. На Ролан Гарос во 2009 година тој ја комплетираше својата колекција на Грен слем трофеи и тоа е неговиот единствен триумф во Париз.

Scroll to Top