Со головите во првото полувреме на Самуел Саиз и на Езѓан Алиоски, Лидс јунајтед стигна до убедлива 0:2 победа над Барнсли во дербито на Јоркшир во англискиот Чемпионшип.
Ова е втор натпревар во низа на кој македонскиот репрезентативец Алиоски постигнува гол, откако беше стрелец и при 4:1 поразот на Лидс кај Вулверхемптон во средата.
Алиоски го направи најубавиот потег во натпреварот, откако постигна одличен гол од 18 метри. Со ова пред мечевите од 16 часот, Лидс се искачи на осмото место на табелата, со еднаков број на поени со шестопласираниот Милдсборо.