Вардар има убава предност од 5 гола на полувреме од финалниот дуел во Лигата на шампиони во ракомет.
Кај македонскиот првак се оди како по конец, расположени се сите играчи и даваат свој придонес во играта.
На голот на Вардар Милосављев собра 5 одбрани, на спротивната страна Миклер има само 2.
Кога станува збор за техничките грешки, Вардар направи две, а Веспрем 4. Ист е соодносот и по бројот на исклучувања.
По 30 минути игра најпрецизен кај Вардар е Мораеш Фереира со 4 гола, 3 постигна Скубе, по 2 гола дадоа Дибиров, Криштопанс и Стоилов. Кај Веспрем најпрецизен е Нилсон со 3 гола.
Интересно за споменување е дека македонскиот репрезентативец Дејан Манасков кај Веспрем има два неуспешни обида да го совлада Милосављев.
Натпреварот по минути, откако Вардар направи поосетна разлика:
8-5 / 14 мин
11-7 / 18 мин
13-9 / 22 мин
15-10 / 26 мин
16-10 / 28 мин