Иако ѕвезди на денот на Ролан Гарос беа Надал и Федерер (двајцата лесно со по 3-0 ги совладаа противниците за влез меѓу 8 најдобри н турнирот), сепак најинтересниот меч го одиграа Гркот Стефанос Циципас и Швајцарецот Стен Вавринка. Подобар беше Вавринка, победи со 3-2 во меч што траеше 5 часа и 11 минути.
Првиот сет му припадна на Вавринка со 7-6. Веднаш во наредниот возврати Гркот со 7-5. Повторно Вавринка поведе, третиот сет го доби со 6-4. Циципас не се предаде. Израмни на 2-2 во четвртиот сет, заврши во негова полза со 6-3. Последниот петти маратонски сет кој траеше 77 минути со 8-6 му припадна на поискусниот.
Вавринка првпат во кариерата стигнува во четвртфинале на Ролан Гарос, а во борбата за место меѓу четирите најдобри на турнирот ќе треба да го совлада сонародникот Роџер Федерер.
WHAT A MATCH!! ??
Stan Wawrinka wins a 5 hours match vs Stefanos Tsitsipas 7-6 5-7 6-4 3-6 8-6 to reach #RG19 quarter-finals!
Highlights with @Emirates ? pic.twitter.com/Ncm97aIY4G— Roland-Garros (@rolandgarros) June 2, 2019