Манчестер јунајтед со контроверзен автогол стигна до минимална 1:0 домашна победа над Брајтон, додека Тотенхем одигра само 1:1 со Вест Бромвич Албион во 13. коло во Премиер лигата.
Ударот на Ешли Јанг чудно се одби од Луис Данк и заврши во горниот агол на Брајтон во 66. минута , што беше доволно тимот на Жозе Мурињо да собере три поени. Играчите на Брајтон беа лути на голот, сметајќи дека корнерот кој претходеше на голот не требало да биде доделен на Јунајтед, но и дека Ромелу Лукаку фаулирал пред голот.
Јунајтед имаа меч со многу посед на топката, но со малку напаѓачки фудбал и шанси, но сепак, тие се доближија на пет поени до Манчестер сити со натпревар повеќе.
Разочарувачки меч имаа и Тотенхем, кои на „Вембли“ мораа да се враќаат за 1:1 реми со Вест Бромвич Албион. Гостите од Бирмингем дојдоа во водство уште во 4. минута преку Хозе Рондон, и во остатокот од мечот, Тотенхем се обидуваше да се врати во игра, пред Хери Кејн да спаси поен за нив во 74. минута.
Тотенхем останува четврти, со 24 поени, но може да биде поминат од три тима до крајот на викенд-фудбалот во Англија.
ПРЕМИЕР ЛИГА ,13. КОЛО
Кристал Палас – Стоук 2:1
Манчестер јунајтед – Брајтон 1:0
Њукасл – Ватфорд 0:3
Свонси – Бурнемаут 0:0
Тотенхем – ВБА 1:1