Top Sport

Иванишевиќ до Кирјос: Престани да зборуваш глупости за колегите

Поранешниот освојувач на Вимблдон, Горан Иванишевиќ застана во одбрана на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ откако австралиското „лошо момче“ на тенисот, Ник Кирјос изјави дека Србинот е „болно опседнат“ со тоа сите да го сакаат.

„Тој толку го посакува тоа, што не можам да го поднесам. Ако го победам во следниот меч, ќе славам како него“, изјави минатиот месец Кирјос во интервју во кое ги нападна и Рафаел Надал и Фернандо Вердаско.

Легендарниот хрватски тенисер Иванишевиќ вели дека тоа не е прифатливо.

„Тие луѓе се 350 дена во годината заедно и не смееш да зборуваш така за своите колеги. Можеби некој сакаш повеќе, но кого му е грижа како некој ги прославува победите. Во својата глава мисли што сакаш, но тоа не се убави зборови. Заврши си ја работата на теренот, таму победи го, а не зборувај глупости по мечот. Јас никогаш во ниту едно интервју не покажав непочитување на противниците. Тенисерите се големо семејство, некои сме добри, некои сме лоши, но сепак, ние сме семејство“, вели Иванишевиќ.

Кирјос „удри“ по Ѓоковиќ: Тој е болен сите да го сакаат!

Scroll to Top