Top Sport

Кирјос „удри“ по Ѓоковиќ: Тој е болен сите да го сакаат!

Контроверзниот австралиски тениски талент, Ник Кирјос никогаш не бил некој кој срамежливо ги кажува своите ставови, но во последното интервју со славниот тениски новинар Бен Ротенберг „удри“ по повеќе од своите ривали, а најмногу по светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ.

„Тој има болна опсесија да го сакаат сите. Сака да биде допаднат толку многу, што не можам да го трпам. Ако го победам некогаш, ќе славам како него, со поклон кон четирите страни. Тој не може да биде најдобриот на сите времиња, бидејќи тоа е Роџер Федерер. Не ми се верува дека Ѓоковиќ има 25 победи против Енди Мареј, кој е многу подобар тенисер“, коментира Австралиецот.

Тој имаше време да го критикува и шпанскиот ветеран Фернандо Вердаско, нарекувајќи го „најарогантната личност во историјата“.

Scroll to Top