Гласен дел од навивачите на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ јасно го ставија до знаење своето незадоволство од судиските одлуки и пред стартот на мечот против Малага.
Групата навивачи во бели дресови кои стојат зад голот во „Фондо сур“, извадија црвени картони во моментот кога судијата Жил Манзано го означи стартот на мечот.
По ова следуваа голем број на извици: „Корупција во федерацијата“ беше извикувано при секој аут, додека во текот на мечот се слушаше и извикот „Арминио замини сега“, порака до долгогодишниот претседател на судиската организација во Шпанија, Санчез Арминио.
Кралевите миленици на среќата, Реал ја победи Малага (Видео)