Нејмар преку Инстаграм го покажа отечениот скочен зглоб, последната повреда која ќе го оддалечи од бразилската репрезентација за домашната Копа Америка, порачувајќи дека „после бурата доаѓа мир“.
27-годишниот фудбалер на Пари Сен-Жермен се повреди во 20. минута од 2:0 победата над Катар во пријателски меч, за да му биде потребна помош да излезе од теренот во солзи. Ова е 18-та повреда на Нејмар во последните пет години.
Бразил ја започнува Копа Америка на 14 јуни против Боливија и оди на домашна титула. Финалето се игра на „Маракана“ во Рио на 7 јули.
Како да е од „стакло“ – Нејмар со неверојатни 18 повреди во последните 5 години