Финалниот меч во премиерното издание во Лигата на нации ќе биде последниот што во кариерата ќе го суди Шпанецот Алберто Ундиано Малјенко.
Вечерва на стадионот „Драгао“ во Порто, Португалија и Холандија ќе се борат за првиот трофеј во Лигата на нации. Главен судија ќе биде Малјенко, кој по овој меч ќе стави крај на својата кариера.
Малјенко кариерата ја започнал во 2000 година, а од 2004 година го носи знакот на ФИФА. Во 2005 и 2007 година бил прогласуван за најдобара судија во шпанската Ла Лига.
„Воопшто нема да мислам на тоа дека ова е мојот последен меч. Треба да останам фокусиран до самиот крај на мечот. Емоциите ќе дојдат по натпреварот. Вечерва ќе уживам“, рекол 45 годишниот Малјенко.