Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го скаутирал играчот што треба да го пополни местото на Венсан Компани кој ги напушти „граѓаните“. Белгиецот 11 сезони играше за Сити, а во иднина треба да биде играч-тренер на Андерлехт.
„Дупката“ што настана со заминувањето на Компани треба да ја пополни Мурило. Станува збор за 22 годишен Бразилец, кој игра за Крузеиро и според многумина е најдобриот дефанзивец во бразилската лига. Овој играч е член на олимписката селекција на Бразил.
Цената на Мурило изнесува 15 милиони фунти.