Голманот Томас Стракоша одбрани ударот од белата точка на Пауло Дибала во 97. минута за да ја зачува победата на Лацио на гости кај Јувентус од 2:1
Благодарение на двата гола на Чиро Имобиле стигна до импресивната победа, нанесувајќи му го првиот пораз на актуелниот италијански шампион во новото првенство, и комплицирајќи ја ситуацијата на врвот во Серија А.
Сè започна како што очекуваше тимот на Макс Алегри, откако Даглас Коста постигна гол во 24. минута од мечот, и Јуве на полувремето отиде со предност од еден гол. Но, само две минути по стартот на второто полувреме, Имобиле го израмни резултатот, за во 54. минута од пенал да ги донесе „бјанкочелестите“ до водство од 1:2.
Во драматичен финиш мечот, користејќи видео-технологија, судијата Паоло Мацолени одлучи дека стартот на Патрис Габарон заслужува пенал, меѓутоа Пауло Дибала не успеа да реализира „подарокот“ за реми.
Со победата Лацио се израмни со Јувентус на 19 поени, три помалку од лидерот Наполи, кој во 20.45 гостува кај Рома.