Челси нема да можат да бидат активни на трансфер пазарот во наредните два преодни рока, поради казната што им ја изрече ФИФА, а која е поврзана со трансфери на малолетни играчи.
„Сините“ одлуката на ФИФА ја обжалија пред Судот за спортската арбитража, но надежите дека казната може да им биде одложена згаснаа кога од оваа институција чие седиште е во Лозана објавија дека пресудата нема да биде донесена пред 14 август.
Ова значи дека Челси нема да можат да регистрираат фудбалери во овој и во јануарскиот преоден рок во 2020 година.
Пред да стапи во сила оваа забрана Челси го донесоа во своите редови Кристијан Пулишиќ од Дортмунд. Американецот треба да биде замена за Еден Азар.