Холандскиот фудбалер Матијас Де Лихт нема да се пресели во Пари Сен Жермен, тврди неговиот менаџер Мино Рајола.
Контроверзниот менаџер решил да се огласи откако вчера голем број медиуми објавија дека Де Лихт ја сменил одлуката и решил наместо во Барселона да ја прифати понудата на Пари Сен Жермен.
Рајола демантирал дека во средата бил во Париз на состанок со спортскиот директор на „светците“, Антре Енрике, каде го договарал трансферот на 19 годишниот фудбалер.
Според шпекулациите, Пари Сен Жермен понудиле околу 80 милиони евра за Ајакс како обесштетување, а на фудбалерот му понудиле годишна плата од 15 милиони евра.