Поранешниот селектор на хрватска, Славен Билиќ повторно ќе работи во Англија. Билиќ е именуван за тренер на Вест Бромвич Албион (ВБА). Клубот постои веќе 141 година, а единствената цел на Билиќ ќе биде да го врати во Премиер лигата.
ВБА, чии сопственик е кинескиот милијардер Лаи Гуочуан, минатата сезона во втората лига ја заврши на четвртото место, меѓутоа во баражот за пласман во Премиер лигата испаднаа во првата рунда од градскиот ривал Астон Вила.
Покрај Билиќ кандидати за тренер на ВБА беа уште и Крис Хатон односно Бруно Лабадија.