Top Sport

И Севилја го сака Елмас

Севилја е последниот тим кој покажал сериозен интерес за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

„Марка“ објави дека спортскиот директор на Севолја, Мончи, веќе испратил понуда до Фенербахче.

Клубот од „Рамон Санчез Писхуан “ стадионот бил подготвен да плати 15 милиони евра, да го испрати на позајмица Данецот Симон Кјер и на Фенер да му овозможи да добие 10 отсто од наредниот трансфер на Елмас.
Покрај Севилја, уште еден шпански тим се интересира за Елмас. Тоа е Атлетико Мадрид чии претставници се во Истанбул на преговори со Фенербахче.

Покрај овие два тима интерес за Елмас покажаа и екипи од Серија А: Лацио, Наполи и Интер.

фото/топспорт

Scroll to Top