Претседателот на Црногорскиот фудбалски сојуз и во исто време легенда на Црвена звезда, Дејан Савичевиќ во интервју за Црногорската ТВ го обвини претседателот на Зведа, Звездан Терзиќ дека ги уценувал фудбалерите на неговата земја по контроверзните случки пред мечот со Косово.
Пред мечот, кој заврши 1:1, селекторот Љубиша Тумбаковиќ и фудбалерите на Звезда, Филип Стојковиќ и Мирко Иваниќ одбија да играат против Косово наводно поради притисоци од Србија. Савичевиќ директно го обвини Терзиќ.
„Тој беше еден од клучните луѓе кои правеа притисок на фудбалерите на Звезда. Секако, преку навивачите. Дали му беше страв од навивачите, од полицијата, од тајните служби… Се знае дека тие се продолжена рака на власта. Тој ден кога ние игравме со Косово, нивната женска ракометна репрезентација играше со Косово и немаше проблем. Некои луѓе од Србија му порачаа на Тумбаковиќ: ’Не играат фудбалерите на Звезда, нема ти да не предадеш’. Терзиќ фрли атомска бомба на фудбалот во Црна Гора. Ние ќе го преживееме тоа. Дали беше стравот од навивачите, уцена… “, вели Савичевиќ.
Црногорскиот селектор Тумбаковиќ и двајца фудбалери одбија да играат со Косово