Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин проговорил за одлуката, која беше критикувана од јавноста и навивачите, финалето на Лига Европа да биде одиграно во Баку. Во финалето играа Челси и Арсенал (4:1), а стадионот во Баку не беше исполнет до последното место.
„Англичаните секогаш се жалат, секогаш поради нешто се незадоволни. На тој начин не си помагаат. Зошто игравме во Баку? Па и таму живеат луѓе, знаете, хомосапиенс. Тие не се побунија што натпреварот започна во 23 часот по локално време“, рекол Чеферин.
Тој дополнил дека италијанските клубови немало да се бунат доколку би им одредиле финале да играат во Англија.
„Одлуката беше донесена пред 18 месеци. Дали во Англија постои толку модерен стадион како што тој во Баку? Можеби само еден…Требаше да им ги видите лицата на луѓето во Азербејџан поради тоа што на гости им беа светски ѕвезди. Ние мораме секаде да го развиваме фудбалот, а не само тоа да го правиме во Англија или Германија. Што ќе се случеше доколку во финалето играа Зенит и Шахтјор? Тое ќе дојдеа на финалето во Лондон и немаше да се бунат“, заклучил претседателот на УЕФА.