Милош Теодосиќ во февруари го раскина договорот со ЛА Клиперс, се врати во Европа, но ги одби сите понуди туку реши да се посвети на подготовките за настап на Светското првенство во Кина.
Теодосиќ ги одби понудите на Анадолу Ефес и својот поранешен клуб ЦСКА Москва, а од февруари досега има одиграно само два натпревари за Србија.
Капитенот на српската репрезентација пред себе сега има сериозна понуда од Виртус Болоња. На клупата на клубот што ја освои ФИБА Лигата на шампиони седи српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ.
Медиумите шпекулираат дека Виртус подготвиле понуда вредна помеѓу 2 и 2,5 милиони евра по сезона.
Проблем за италијанскиот тим е што нема да учествува во Евролигата, но од клубот најавиле дека наредната сезона наместо во Лигата на шампионите на ФИБА ќе учествува во Еврокупот.