„Заканите“ на Леброн Џејмс дека ќе си замине од Лос Анџелес лејкерс ако не се донесат засилувања очигледно вродија со плод, откако славниот тим во јули ќе го донесе Ентони Дејвис од Њу Орлеанс пеликанс во замена за Брендон Инграм, Лонзо Бол, Џош Харт и низа од избори на драфтот.
34-годишниот Џејмс, веднаш реагираше на Инстаграм со зборовите: „АД на пат! Ајде брате, ова е само почеток“.
Најавата дека се работи само за „почеток“ ги зголеми шпекулациите дека Лејкерс имаат уште неколку приоритети – Кемба Вокер од Шарлот хорнетс и Џими Батлер од Филаделфија сиксерс.
View this post on Instagram
AD on da way!! @antdavis23 ?. Let’s get it bro! Just the beginning..? #LakeShow