Дејан Савичевиќ, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Црвена звезда и дел од легендарната генерација од 1991 година, беше грубо навредуван со транспаренти и песни од страна на „Делиите“, најстраствените навивачи на Црвена звезда во финалето на кошаркарскиот плејоф со Партизан.
Савичевиќ, инаку актуелен претседател на Црногорската фудбалска федерација, ги налути навивачите на Црвена звезда со изјавата дека токму неговиот поранешен клуб е виновен за скандалот во Црна Гора, кога селекторот Љубиша Тумбаковиќ и фудбалерите на Звезда, Мирко Иваниќ и Филип Стојковиќ одбија да играат во мечот со Косово во квалификациите за Евро 2020.
Со транспаренти: „Што остана од таквото име, Дејо Геније“ и „Север -продолжена рака на Србија, никогаш на властите и на службите! Да те е.ам во устата шркбава“ беа дел од транспарентите кои се појавија во „Пионир“, додека се ореше песната: „Го изгуби компасот, Дејане“.
Савичевиќ: Црвена звезда фрли „атомска бомба“ на црногорскиот фудбал