Тојота доминантно победи на легендарната трка на издржливост 24 часа Ле Ман, но повторно имаше малку драма откако проблемите за автомобилот со број 7 имаше проблеми за да предаде нова победа на Фернандо Алонсо, Себастиен Буеми и Казуки Накаџима.
ТС050 Хибридот со број 7 на Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Хозе Марија Лопез ја имаше предноста во текот на целата трка во однос на бројот 7 на Алонсо, Буеми и Накаџима, но на нешто повеќе од еден час од трката тие мораа да сменат задно десно тркало и ја загуби предност од 2 минути. На крајот, тие мораа уште еднаш два влезат во боксот и на крајот завршија на второто место со 16 секунди заостанување.
Со оваа победа, Алонсо, Накаџима и Буеми исто така ја освоија и титулта во Светскиот ендуранс шампионат (ВЕЦ) на ФИА, прв трофеј за Алонсо и Накаџима и втор за Буеми по тој во 2014 година.
Доминацијата на Тојота беше толку голема, што по пет часа сите ривали беа поминати за цел круг, и третопласираниот автомобил на СМП Рејсинг (Штофел Фандорне, Михаил Алешин и Виталиј Петров) заврши со заостанување од шест круга.
?? That’s a back to back win for Toyota! Le Mans has chosen the Japanese brand again this year. Congratulations to @Sebastien_buemi, @alo_oficial and @kazuki_info on making history at La Sarthe Circuit!#WEC #LEMANS24 #SuperFinale @Toyota_Hybrid pic.twitter.com/sZKXTpPctc
— WEC ?? (@FIAWEC) June 16, 2019