Во првото коло на Копа Америка, репрезентацијата на Уругвај го декласираше Еквадор со 4-0 во рамки на групата Ц.
Уругвајците, предводени од Едисон Кавани и Луис Суарез уште од стартот на мечот тргнаа фуриозно, па прашањето на победникот го решија уште во првото полувреме.
Лодеиро на асистенција на Суарез погоди за 1-0 уште во 6 минута.
Во 24 минута играчот на Еквадор, Квинтерос доби црвен картон, а веднаш потоа Кавани со ножички погоди за 2-0.
До крајот на полувремето Суарез погоди за убедливи 3-0.
Конечните 4-0 беа постигнати со автоголот на Еквадорецот Артуро Рафаел Мина Меза.
https://youtube.com/watch?v=4-AEIhCVCb4