Легендата на Рома, Франческо Тоти ги потврди шпекулациите и денеска на прес-конференција објави дека си заминува од клубот и во исто време упати многу обвинувања кон американскиот сопственик на тимот, Џејмс Палота.
Тоти вели дека тие го исклучувале од секоја одлука и зборуваше за тоа како се чувствува да ја прекине 30-годишната поврзаност со „волчицата“.
„Ќе беше прекрасно новите сопственици да веруваа во мене. Тие ги знаеја моите намери и тоа што го сакав, да дадам многу за овој клуб, но искрено никогаш не ме сакаа. Ме исклучуваа од секоја одлука. Односите со техничкиот директор Франко Балдини беа непостоечки. Само ќе кажам дека никогаш нема да направам нешто да ја оштетам Рома. Ова е многу полошо од пензионирањето како фудбалер. Да се замине од Рома е како да се умре. Чувствувам дека ќе беше подобро да умрев“, вели Тоти.
Totti: “Too much time is spent making decisions at Trigoria. You need one person to decide, not ten. De Rossi? I told them to handle things differently with him than they did with me. I think it was all done on purpose in order to remove Romans from Roma”.https://t.co/I7YCVT6rdL
— RomaPress (@ASRomaPress) June 17, 2019
Откако ја помина целата кариера во Рома, постигнувајќи 307 гола во 786 настапи во 25 сезони, 42-годишниот Тоти пред две години се повлече од спортот, но вели дека работите се смениле во 2011 година кога дојде американскиот конзорциум. Тој на прес-конференцијата дури изјави дека Американците не сакаат римјани во клубот откако и Даниеле де Роси минатиот месец го одигра последниот меч за клубот откако не му понудија нов договор.
„Осум години Американците се обидоа да не отстранат од Рома. Јас никогаш не бев вклучен во технички проект. Првата година не беше проблем, но втората година знаев што сакам да правам и не добив шанса. Еден од нас мораше да замине. Тие не сфаќаат што прават тука, бидејќи не живеат во градот, не ги чувствуваат весниците, радиото. Кога си од Рим, сфаќаш што е да си римјанин и сосема е поинаков. Палота никогаш не беше тука“, додава Тоти.