Top Sport

Црвена звезда на контроверзен начин ја одбрани српската титула (видео)

Кошаркарите на Црвена звезда ја одбранија српската титула, откако во четвртиот меч од финалето на Суперлигата со 76:75 во контроверзен меч беа подобри од Партизан.

Мечот беше прекинат во последната четвртина повеќе од половина час, откако поради удар на гром во салата „Александар Николиќ“ се изгаснаа повеќе светла, а силниот дожд почна да пробива во салата.

Сепак, мечот беше продолжен, а Били Берон со кош на 30 секунди пред крајот донесе предност на Звезда од 74:73, пред Ренфро да врати за 75:74 водство на Партизан. Последниот напад беше кај Звезда и Берон победи буквално во последната секунда за 76:75, иако направи јасна грешка во чекори при влезот во рекетот.

Scroll to Top