Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо вели дека повеќе би сакал да има во позиција на селектор на некоја репрезентација отколку да биде тренер на некој клуб.
Мурињо е без работа откако Јунајтед го отпуштија во декември и работи како ТВ-коментатор на „Беин спортс“ и „РТ“. Но, Португалецот честопати зборуваше дека ова е само кратка пауза и најави дека следната улога може да ја има во некој национален тим, додавајќи дека не мора да се работи за неговата родна земја.
„Сакам да учествувам на нови натпреварувања. Долго време имам желба да се обидам со таква авантура. Во моментов дефинитивно повеќе би сакал да сум селектор на национален тим отколку обичен тренер. Дали Португалија е вистинската репрезентација за мене? Не мора да значи. Може да освојам и петта титула во различна земја или Лига на шампиони со трет клуб. Сакам да сум среќен, не мора да победувам, но мора да сум среќен. Затоа, ако добијам понуда од клуб кој би ми кажал: ’нема услови за победи, но сакаме да направиш таков тим’, тогаш добро ќе размислам“, вели Мурињо.