Луис Енрике го напушта кормилото на шпанската фудбалска селекција и на негово место доаѓа досегашниот негов помошник, Роберто Морено.
Веста ја потврдија сите шпански медиуми, а за денеска попладне прес-конференција закажа претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес.
Во март годинава, само неколку часа пред мечот на Шпанија со Малта стигна веста дека селекторот на „фуријата“ го напушта кампот и итно се враќа во татковината поради семејни проблеми.
„Шефе, сите сме многу тажни поради вестите. Се надеваме дека се ќе биде во најдобар ред. Сакаме да знаеш дека екипата е со тебе и денеска ќе победиме за тебе. Семејството е светост. Ти посакуваме многу сила и храброст, ти испраѓаме прегратки“ му порача тогаш капитенот на „фуријата“, Серхио Рамос.
Оттогаш Енрике не водеше ниту еден меч на Шпанија, па затоа ќе ја напушти функцијата.